Франција: Поранешниот директор на „Лувр“ под истрага за шверц на артефакти

0
312

Жан-Лук Мартинез, кој беше директор на музејот „Лувр“ во Франција од 2013 до 2021 година, беше дел од истрагата за шверц на историски артефакти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Француските медиуми објавија дека Централната канцеларија за борба против шверцот на културното наследство (OCBC) го уапсила Мартинез претходно оваа недела.

Мартинез беше пуштен на условна, а е обвинет за „соучесништво во организирана измама“ и „перење пари“ во истрагата за шверц на историски артефакти.

Се верува дека Мартинез бил вклучен во шверц на артефакти и го игнорирал составувањето на лажни сертификати за потеклото на пет артефакти.

Во јули 2018 година беше покрената прелиминарна истрага поради сомнение за шверц на неколку стотици предмети од земјите на Блискиот Исток.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).