Охрид SOS: Месна Заедница с. Вишни бара помош да се сопре кражба на шумите во нивниот атар

0
347

Месна Заедница с. Вишни, општина Струга, е мала заедница и е немоќна сама да се справи нити одбрани од големите предизвици со кои се соочува. Како едно ретко сочувано село, со автентична архитектура, некогаш локален зимски центар, Вишни и околината заслужуваат грижа и можности за квалитетен живот и еколошка одржливост, се вели во објавата од Охрид SOS.
Во истата се додава:

Наспроти тоа, со години се соочуваат со кражба на шумите во нивниот атар, и како што можете да видите на приложените фотографии, целосно соголување на шумските површини (голосек). Покрај овој проблем кој има и голем штетен ефект кон природната рамнотежа во околината, тука се и проблемите со инфраструктурата (патишта, одлагање на отпад, реконструкција на планинскиот дом) која никако да стане приоритет, иако за целиот регион околу Вишни, се изработени иницијативи и елаборати, за прогласување на парк на природата, а самата Јабланица, Национален парк.

извор: ФБ Охрид SOS

фото: Охрид SOS