Вечерва земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2,4 степени е регистриран денеска во 20 часот и 17 минути, на 25 километри југозападно од Тетово во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот бил на длабочина од 2 километри. На земјотресот му претходеле уште два со јачина од 2.6 и 2.2 степени според Рихтер.

фото: Архива