Од денес прекинува испораката на руски гас за холандски „ГасТера“

Холандската компанија „ГасТера“ соопшти дека од денеска нема да добива гас од руски Гаспром, откако одби да се согласи со барањата на Москва за плаќање во рубљи.

„ГасТера“, која купува и тргува со гас во име на холандската влада, објави дека склучила договор за нови две милијарди кубни метри гас од друго место , што очекуваше да го добие од Гаспром до октомври, пренесе Ројтерс.

Компанијата е 50 отсто во сопственост на холандски владини субјекти и 25 отсто во сопственост на Шел и Ексон.

„Ја разбираме одлуката на „ГасТера“ да не се согласи со еднострано наметнатите услови за плаќање на Гаспром“, напиша на Твитер холандскиот министер за енергија Роб Јетен.

Оваа одлука нема да има последици за испораката на гас за холандските домаќинства, додаде тој.

 

фактор.мк