Доделени дипломи и признанија на најдобрите млади математичари

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на пригоден настан кој се одржа во големата сала на Општина Охрид ги додели дипломите и признанијата на најдобрите млади математичари од Охрид.

Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот упати честитки до сите наградени ученици со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истакна дека Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи и да ги мотивира сите ученици кои остваруваат исклучителни образовни успеси, како и сите активности кои придонесуваат за подобрување на условите во наставниот процес.

Дипломите и признанијата се доделуваат од страна на Здружението на математичари од Охрид, врз основа на постигнатите резултати од регионален и државен натпревар по математика за учениците од основно и средно обазование за учебната 2021/2022 година.

Дипломи и признанија добија вкупно 54 ученици од сите нивоа на образование. Сертификати за успешно менторство беа доделени на сите наставници и професори кои  биле анагажирани како ментори на наградените ученици.

 

општина Охрид