Касами: Конечно целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” во Тетово

0
608

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак”.

-По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс“. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла! Благодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена!, објави Касами.

Пожарот започна вчера во 9:30 часот, а при крајот на денот се локализираше. Ноќеска и до раните после пладневни часови се уште имаше чад и непријатна миризба од ова место на излезот од Тетово кон Скопје.

извор: ФБ Биљал Касами

фото: ФБ Биљал Касами