Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор. Вака одлучи Апелацискиот суд Скопје по јавната седница на која Зеќири образложуваше дека нема намера да избега од државата. Од Судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зекири воопшто не била разгледувана, а притвор му бил одреден покрај опасноста за бегство, и поради опасност да ја попречи истрагата, објави Алсат.
Зеќири на јавната седница, рече дека има семејство за кое треба да се грижи, и не му паѓа на памет да бега.
Текстот во целост на: Алсат.