Значително поскапуваат горивата, бензините ја надминуваат границата од 100 денари за литар!

Регулаторната комисија за енергетика попладнево донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата. Од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат по рекордна цена.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 104,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 106,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

фото: Архива