Во Торонто измерена рекордна температура, највисока во последните 78 години

0
303

Во градот Торонто, Канада, измерена е рекордно висока температура, највисока во последните 78 години во овој период на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на канадската метеоролошка служба се истакнува дека измерена е температурата на воздухот од 32,1 Целзиусов степен во мерењата направени на Меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто.

Исто така, се наведува дека температурата го надминала 31,1 Целзиусов степен, кој беше регистриран како рекорден за овој период од годината во 1944 година.

Упатен е и повик до граѓаните да не бидат директно изложени на сончевите зраци.

Меѓу другото, во соопштението се препорачува консумирање многу вода и се предупредува дека екстремната жештина може да претставува ризик, особено за старите лица, бебињата, децата и лицата со хронични заболувања.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).