Се запали багер во центарот на Загреб, удрил во цевка за гас – четири лица се повредени

Четири лица се повредени во пожарот во центарот на Загреб предизвикан со пробивање на гасоводот при поправка на водоводна цевка. На еден од работните ќе му се трансплантира кожа.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, гасоводната инсталација се запалила околу 23 часот, на локација каде пред неколку часа со багер се копало за да се санира напукната водоводна цевка.

Од противпожарната служба велат дека багерот ја пробил гасоводната цевка, поради што се запалила инсталацијата.

Четворица работници се повредени и згрижени се во болница, пренесе Ен1.

фото: Index.hr