Тунискиот претседател разреши 57 судии обвинувајќи ги за корупција и заштита на терористите

0
226

Тунискиот претседател Каис Саид разреши десетици судии, обвинувајќи ги за корупција и заштита на терористите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи за време на состанокот на Кабинетот вчера, Саид во причините за неговата одлука да ги разреши овие судии ги наведе прекинот на истрагата за терористичките случаи, заштитата на осомничените за тероризам и финансиската корупција.

Набргу по неговите изјави, со претседателски указ што го објави Службениот весник беше објавено разрешување на 57 судии.

Меѓу разрешените е и Јусеф Бузакер, поранешен шеф на Врховниот судски совет чии членови тунискиот претседател ги смени оваа година.

Друг истакнат судија на листата е Бачир Акреми, кого поддржувачите на Саид го обвинуваат дека е премногу близок со партијата Енахда.

Тунис е во тешка политичка криза од 25 јули 2021 година, кога Саид ја распушти Владата, го суспендира Парламентот и ја презеде извршната власт, во потег што противниците го оквалификуваа како „државен удар“.

Тој го распушти Парламентот подоцна, во март, откако пратениците одржаа седница за отповикување на неговите мерки.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).