Владејачкото мнозинство го одби предлогот на опозицијата, предложените уставни судии сами да се претстават на Комисијата за избори и именувања. На денешната седница пратениците еден час дебатираа како да ја почнат расправата за предлозите за уставни судии, дали тоа да биде со јавно и лично презентирање или пак да одлучуваат според доставените биографии, објави slobodnaevropa.mk.
Опозициската пратеничка група предложи кандидатите да имаат свое дваесетминутно лично претставување пред нив, како и да одговорат на неколку прашања на народните избраници пред гласањето.
„Не знам од што се плашите, ако кандидатите излезат пред јавноста па таа нека суди која е поистакната правничка Тања Васиќ или професорката Родна Живковска, односно Васиќ која пред неколку месеци магистрирала, а нејзин ментор била професорката Живковска, изјави пратеникот Антонио Милошоски.
Претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска истакна дека нема деловничка обврска да се повикуваат предложените кандидати да се претстават пред пратениците и дека досега немало таква пракса.
„Сметам дека можеме да продолжиме да расправаме за поединечните предлози кои се дадени токму од вас пратениците“, рече Георгиевска.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.
фото: Архива