Премногу е предавства од владата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија, велат од ВМРО ДПМНЕ

Премногу е предавства од владата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија.ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија кој е на штета на македонските позиции, владата нема легитимитет да преговара. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор во кој нема да учествува како најголема политичка партија во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Преговорите не смеат да се водат на штета на македонските интереси, јазик, идентитет и историја.

Бугарија треба да покаже европски вредности, и да го тргне ветото, за Македонија без одложување да ги почне преговорите со ЕУ.

СДСМ не знае како да ја води државата. Со СДСМ Македонија ниже само понижувања. Премногу е! Протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.

извор: ВМРО ДПМНЕ