Пилот-проект во Велика Британија: Илјадници работници ќе работат четири дена во неделата

0
342

Во Велика Британија е започнат пилот-проект во рамките на кој околу 3.000 вработени ќе работат четири дена во неделата и тоа без намалување на личните примања, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пилот-апликациите во траење од шест месеци ќе ги спроведува непрофитната организација „4 Day Week Global“.

Вклучени се околу 3.300 вработени во 70 британски компании кои се согласиле на пробно намалување на работното време на 20 отсто.

Во рамките на пробното работење од четири дена во неделата, ќе се мери влијанието на ваквата практика врз животната средина и родовата еднаквост, како и благосостојбата и работната ефикасност на вработените.

Резултатите од испитувањата ќе ги вреднуваат истражувачи од угледни универзитети од Кембриџ, Оксфорд и Бостонскиот колеџ.

Слични пилот-проекти ќе бидат започнати подоцна оваа година и во Шпанија и во Шкотска.

Челникот на организацијата „4 Day Week Golobal“, Џо О’Конор, рече дека е сè поголем бројот на компании во светот, а особено по пандемијата со Ковид-19, кои се свесни дека новата граница за конкуренција ја чинат квалитетот на животот на работникот, помалку работни часови и поголема ефикасност на работата.

На Исланд сличен проект е спроведен минатата година и истражувачите порачаа дека резултатите биле очекувано добри и дека таа практика треба да се прошири и во другите земји.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).