Светска банка: Раст на македонската економија од 2,7 проценти годинава

0
347

Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Северна Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто во 2023 година.
Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намалува претходните економски проекции за земјава, годинава за 1.0 отсто, а за 2023 за 0.3 проценти.

Економскиот раст во 2024, според проекциите на СБ, ќе достигне 3,2 отсто.
Прогнозата за глобалниот раст за 2022, пак, е намалена за речиси третина, на 2,9 отсто. Главни причини за тоа се рускиот напад врз Украина и штетите предизвикана од пандемијата Ковид 19, кои придонесоа многу земји сега да се соочуваат со рецесија.

 

Радио Слободна Европа