МНР се повикува на УНТЕРМ во однос на употребата на македонскиот јазик во ОН

По однос на употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, Министерството за надворешни работи на Македонија информира дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е УНТЕРМ (кратко од UN Terminology).

Во документот на УНТЕРМ, како што се наведува во соопштението, се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ИСО кодовите и др. Линкот на УНТЕРМ за личната карта на земјата е секогаш достапен онлајн и на него може да пристапи секој.

Секретаријатот на ООН, како и сите негови тела е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во истиот (УНТЕРМ). Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на шесте официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски).

 

Нова Македонија