Ангелов до Јакимовски: Кај беше досега да нè спомнеш ако ти беше толку грижа?

Кај беше досега да нè спомнеш ако ти беше толку грижа, му порача Горан Ангелов на Стевчо Јакимовски, откако градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ во вчерашно интервју рече дека „Мицковски интервенира за други луѓе да имаат подобри услови во затворите, а затворениците од 27-ми април не ги ферма“.

Ангелов му порача дека тоа воопшто не е вистина и дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски имал и ќе има поддршка од него, зошто тој ВМРО и не менува партии, алудирајќи на менувањето страни на Јакимовски.

Не е вистина твоето тврдење!
Сите осуденици имаме исти услови, исто сме третирани во зависност од однесувањето према куќниот ред!
Кај беше досега да нè спомнеш ако ти беше толку грижа!
Мицкоски имал и ќе има поддршка од мене, јас сум ВМРО и не мењам партии!, порача Ќосето.

извор: ФБ Горан Ангелов

фото: ФБ Горан Ангелов