ВМРО ДПМНЕ на повидок открива нов скандал, преку тендер се даваат 20 милиони денари за јавна набавка “Мониторинг на договорите на државна помош”

0
229

На повидок е огромен скандал за трошење на народни пари и нормално повторно во главна улога на кадри кои што раководат со институции, кадри на оваа Влада од СДСМ и од ДУИ. Бесмислено е, сомнително е, чудно, без поента ќе се потрошат над 20 милиони денари од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Убеден сум дека во време на сериозна економска криза и катаклизма, многу е сомнително како се даваат преку тендер, над 20 милиони денари преку ТИРЗ, поточно 23.6 милиони денари со ДДВ, за јавна набавка насловена: “Мониторинг на договорите на државна помош”. Замислете, ТИРЗ и директорот во ТИРЗ, Деспотовски, бараат мониторинг на договорите кои ги даваат за доделување на државна помош и за тоа одвојуваат 23.6 милиони денари – вели Арсовски.

За партискиот портпарол најсомнително е тоа што за испумпување на државни пари, ниту се видело, ниту се случило.

– Согласно законот за контрола на било која државна помош што ја дава државата или институциите, надлежност за мониторинг има Комисија за заштита на конкуренција и тоа е уредено во член 24. Додека пак согласно законот за ТИРЗ, институцијата има надлежност согласно член 12 да води евиденција за доделената државна помош во име на давателот, односно давателите да подготви годишен извештај и да го достави до Комисијата за заштита од конкуренција еднаш годишно, најдоцна до 31 март. Онаа комисија која што ја има надлежноста за мониторинг и контрола на државната помош која што е давана од државата. Да сумирам, во ниту ниеден закон нема превидено дека вакви контроли можат да прават надворешни лица кои што сакаат да ги ангажираат на тендер раководството од ТИРЗ – додава Арсовски.

 

плусинфо.мк