Најголемата воена вежба на Туркије во Егејското Море успешно завршена

0
340

ЕФЕС-2022, една од најголемите турски воени вежби во Егејското Море е „успешно завршена според планираното“, информира денеска националното Министерство за одбрана на Туркије (Турција), јавува Агенција Анадолија (АА).

„Повеќе од 10.000 персонал од 37 пријателски и сојузнички земји учествуваа во заедничките вежби одржани долж брегот на Егејското Море“, соопшти турското министерство на социјалната мрежа Твитер, споделувајќи видео од различни вежби.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, потпретседателот Фуат Октај, лидерот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели и други високи претставници присуствуваа на Денот на набљудувачите (Observer Day) во четвртокот.

Либискиот премиер Абдул Хамид ал Дбејбе, министрите за одбрана на Азербејџан, Гамбија, Камерун, Катар, Киргистан, Косово, Руанда, како и високи воени претставници од Босна и Херцеговина, Етиопија, Казахстан, Либија, Унгарија и Пакистан, беа, исто така, меѓу гостите.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).