Во хеликоптерската несреќа во Италија нема преживеани

0
294

Нема преживеани во хеликоптерската несреќа во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Остатоците од хеликоптерот, што во четвртокот исчезна од радарот меѓу регионите Тоскана и Емилија-Ромања во Италија, а во кој се наоѓаа седум лица, се пронајдени утрово на Апенините.

Според информациите што новинарот на АА ги доби од дипломатски извори, во хеликоптерот се наоѓале седум лица од кои никој не преживеал.

Остатоците од хеликоптерот се пронајдени на надморска височина од 1.922 метри во подрачјето на Кусна на Апенините. Првично беа пронајдени пет тела, а набргу потоа и останатите две.

Во хеликоптерот имаше четворица турски државјани, двајца либански државјани и италијански пилот.

Италијанската Национална агенција за безбедност при летањето (ANSV) започна истрага за несреќата на хеликоптерот од типот А119 Коала.

Хеликоптерот полета на 9 јуни во Тревизо од Лука во Италија, а по извесно време исчезна од радарот.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).