Во поплавите во Анкара загина едно лице – противпожарните бригади и АФАД примиле над 1.000 повици за помош

Најмалку едно лице загина во невремето и поплавите што ја погодија Анкара, главниот град на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во населбата Алтиндаг Карапурчек поради силниот дожд дојде до излевање на реката Татлар поради што голем број возила останаа под вода.

Надојдената вода зафати 27-годишен маж, кој работел како возач во центар за рехабилитација во Анкара.

Набргу потоа екипи на Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Единиците за потрага на жандармеријата (ЈАК) тргнаа во потрага по младиот човек, а набргу потоа го пронајдоа неговото безживотно тело.

Во еден дел од Анкара ветрот го однесе покривот на станбен објект, кој падна врз паркиран автомобил во близина.

Едно лице е повредено.

Заменик-министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли рече дека противпожарните бригади и АФАД примиле над 1.000 повици за помош и интервенција.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).