Паднаа цените на нафтата на светските пазари по помалата побарувачка за гориво во Кина

0
383

Цените на нафтата паднаа денес, откако новите масовни тестови и мерките за делумна изолација во некои делови на Кина сигнализираа намалена побарувачка за гориво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Меѓународната референтна цена на нафта од типот брент изнесуваше 120 долари по барел по падот на цените за 1,65 отсто, по затворањето на претходната сесија кога цената изнесуваше 122,01 долар по барел.

Американската референтна вредност West Texas Intermediate (WTI) тргуваше по цена од 118,66 долари по барел по падот на цените од 1,67 отсто, откако на претходната сесија изнесуваше 120,67 долари по барел.

Стапката на заразеност со коронавирусот во Кина моментално е ниска, но земјата спроведува политика на нулта пандемија на вирусот Ковид-19 за која некои експерти сметаат дека ја загрозува економијата.

Во Шангај вчера се пријавени 11 потврдени случаи на Ковид-19 и 26 локални асимптоматски случаи, што доведе до масовно тестирање, додека Пекинг во сабота регистрираше 46 нови локални случаи.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).