Заедно се во приватниот живот, неодамна ја потврдија нивната врска

0
478

Алп Навруз и Ајџа Ајсин Туран претпочитаат да не зборуваат многу за својот приватен живот. Веќе подолго време турскиот печат се занимава со прашањето за врската меѓу нив двајца надвор од сетот на серијата Ада Масали. Ситуацијата не беше многу јасна додека актерот јавно не проговори за се.

Алп Навруз очигледно бил изнервиран по лажната вест во која наводно изјавил дека меѓу него и Ајсе нема ништо друго освен пријателство. Тој вчера беше виден на улиците во Истанбул и ги откри сите детали за нивната врска. Актерот прво зборуваше за серијата на која работеа двајцата до неодамна. Тој рече дека се е подготвено за финалето и дека работата на серијата Ада Масали завршила според планираното. Моментално чита сценарија и избира нов проект. Она што никој не го очекуваше во овој разговор беше признанието на Алп за неговата врска со Ајџа Ајшин Туран.

Актерот истакна дека одличната соработка во серијата Ада Масали прераснала во нешто повеќе. Тие двајца се заедно во приватниот живот, во врска се и многу среќни. Кога новинарите го прашале кога ќе се појави заедно пред камера, држејќи се за раце, Навруз само се насмеал и рекол дека тоа ќе се случи.

Уште во 2017 година, Алп ја запозна Ајца на официјален настан. Потоа ја следеше на Инстаграм, но меѓу нив ништо не се случи до снимањето на серијата Ада Масали. Кога започнало снимањето на споменатиот проект, Навруз раскинал со поранешната девојка и очигледно повторно се заљубил.

Многу пофалби сега доаѓаат до Алп  Навруз. Младиот човек јавно застана пред медиумите, кажа што чувствува и како стојат работите и на тој начин ја заштити својата девојка од многу озборувања и шпекулации.

 

tvexposed.net