Вечерва ќе имаме Супермесечина на јагодите!

0
276

Доколку дозволат временските услови, односно доколку нема облаци на небото вечерва ќе биде видлива Супермесечината на јагодите.

Сите астролози со нетрпение ја очекуваат новата полна Месечина. Вечерва (14.06.2022) нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата и тоа воедно ќе биде најголемата полна Месечина во 2022-та година, која уште се нарекува и Супермесечина на јагодите.

Оваа Супермесечина не е црвена, ниту има форма на јагода, а името го добила од Индијанците, бидејќи вообичаено се појавува во јуни, односно во периодот кога почнуваат да се берат шумските јагоди.

 

fakulteti.mk