Шарл Мишел пречекан на охридскиот аеродром од Маричиќ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој попладнево слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Маричиќ му посака добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата земја и за целиот регион.

makfax