Рашковски бара од Кривичниот суд да му го врати пасошот што му беше одземен,откако му беше укинат притворот

0
210

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал да му биде вратен пасошот, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата.

Рашковски пред судијката Михаиловска дал исказ дека бара да се укинат мерките за негово присуство.

Поранешниот ген-сек на Владата остана без пасош откако првично беше пуштен од притвор, а потоа и од домашен притвор. Одлуката ја донесе Апелацискиот суд во Скопје, кога на Рашковски исто така му беше наредено секој понеделник да се пријавува во судот, а пасошот му се одзема до пресудата со која се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Неговото барање за враќање на пасошот доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмор.

фото: Архива