Гаспром за само два дена и го намали на Германија снабдувањето со гас за околу 60 отсто

0
385

Руската гасна компанија Газпром во четвртокот рано наутро почна да го намалува количеството гас што го испорачува за Германија преку гасоводот Северен тек 1 на дневна максимална количина од 67 милиони кубни метри.

Намалувањето на снабдувањето со гас дојде откако компанијата најави дека ќе го намали максималниот износ на испорачаниот гас од 167 милиони кубни метри дневно на 100 милиони кубни метри. Со последното намалување, компанијата за два дена ја намали количината на гас во Германија за околу 60 отсто, а „Северен тек 1“ е главниот гасовод што доставува руски гас во таа земја.

 

МИА