Стоилковски: Премногу е, 5 милиони евра за 4 години

0
221

 

Почитувани, над 5 милиони евра  се дадени на тендери во шемата ќерка на татко! Над 5 милиони евра чинат набавките од Клиниката за хематологија, со директор Пановска, до приватната компанија Пановски, во период од 4 години, од летото 2018 до последниот договор сега на 6 јуни!
Нема за нова болница во Штип, нема за нова клиника во Скопје, ама има 5 милиони евра, директорка да даде на своја семејна фирма.
Ова е срамен скандал, нечовечки скандал, ова е директна одговорност на ЈО и ДКСК, коишто веќе 4 години имаат отворени предмети за овие тендери! Предметите се јасни, има влијание, има конфликт на интереси, јавна установа  набавува од семејна фирма на директор! Ова е утврдена корупција којашто се повторува само и само заради неказнивост и молк на институциите.
Молкот не е опција. Премногу е! Протест за промени, во сабота во 20 часот пред Влада!
https://www.youtube.com/watch?v=_XUTDoVpOpE&feature=emb_imp_woyt
vmro-dpmne.org