ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Османи ја капитулираа Македонија, францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка се чекор за бугаризација

Ковачевски и Османи ја капитулираа Македонија, францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка се чекор за бугаризација.
Францускиот предлог буквално ги става бугарските барања во преговарачка рамка за Македонија на патот кон ЕУ. Тоа значи дека Македонија или ќе треба да се бугаризира на патот кон ЕУ или никогаш нема да стане членка на Унијата.
Ковачевски и Османи да одговорат како дозволиле бугарските барања да влезат во францускиот предлог, кој треба да биде рамката која се предвидува вклучување на бугарите во Уставот, негирање дека македонската нација постоела пред 1945, како и негирање на македонската јазична, историска и идентитетска посебност.
Дали и Ковачевски затоа се смееше кога беше претставен како иден премиер на Западна Бугарија?
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој ќе значи негирање на македонскиот јазик, идентитет и посебност. Допопнително нема да прифатиме внесување на бугарите во Уставот доколку немаме писмени гаранции од Софија и Брисел дека тоа ќе биде последно бугарско барање.
Затоа ја предупредуваме власта, да не помислува да прифати влегување на бугарските барања во рамката за ЕУ. Тоа ќе биде пораз за македонската дипломатија и национална катастрофа.
Премногу е, затоа повикуваме на протест утре во 20 часот пред влада. За промени! За подобра иднина!

 

vmro-dpne. org