ФЕИТ промовираше уште една генерација дипломирани инженери и магистри

0
338

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) вчеравечер, промовираше нова генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и нова генерација магистри. Нови 141 дипломиран инженер и 41 магистер, во зградата на Македонската Филхармонија, ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии.

-Вообичаено, на овие настани се потсетуваме на вашето патување од бруцоши до инженери, на Вашиот развој низ годините и на соработката со вашите професори и асистенти. За жал, вашето патување беше малку поразлично од вообичаеното. Се случи Ковид 19 пандемијата која комплетно ги промени нашите животи. Нас во образованието не натера да се прилагодиме на нови начини на учење и на нова меѓусебна комуникација. За online настава и комуникација користевме нови технологии кои, сепак, овозможија да останеме поврзани, но на еден поинаков начин. Она што го сфативме е дека технологијата е само дел од решението, бидејќи не сите беа во можност да си дозволат нејзина употреба. До израз дојде солидарноста и хуманоста. Видовме дека сепак човечноста е многу позначајна од технологијата, рече деканот на ФЕИТ, професор д- р Димитар Ташковски.

brif.mk