Европа погодена од голем топлотен бран

0
351

Концертите и големите јавни собири се откажани во областа Жиронд околу градот Бордо. Имено, делови од Франција деновиве достигнаа 40 степени Целзиусови, а денеска се очекуваат рекордно високи температури.

Научниците предупредуваат дека периодите на интензивна топлина стануваат сѐ почести и подолготрајни како резултат на глобалното затоплување. Други европски земји како Шпанија, Италија и Велика Британија исто така се борат со високите температури.

Во Жиронд, јавните настани, вклучително и некои од официјалните прослави на годишнината од почетокот на Движењето на отпорот, ќе бидат забранети до следниот петок во 14 часот, „до крајот на овој топлотен бран“. Забранети се и настани во затворен простор без клима уреди. Приватните прослави, како што се свадбите, сепак ќе бидат дозволени.

 

канал5