„Патот на смртта“ во Боливија, еден од најопасните патишта во светот

0
317

„Camino de las Yungas“, познат како „патот на смртта“, е еден од најопасните светски јавни патишта и во моментов е главна туристичка дестинација во Ла Паз, Боливија, известува Агенција Анадолија (АА).

Патот долг 64 километри, некогаш бил единствениот пат што ги поврзувал градовите Ла Паз и Короико во регионот Јунгас. На овој пат од 200 до 300 луѓе ги губеле животите, поради што во 1995 година е прогласен за најопасниот во светот.

Поради таквиот назив се стекна со голема популарност низ светот. Во меѓувреме е изграден нов пат кој оди по друга рута, а старата во последните години најчесто се користи во туристички цели.

Денес патот е најпосетен од велосипедистите и љубителите на адреналин, а годишно по овој пат минуваат околу 25.000 туристи.

Спустот по патот трае неколку часа. Стартот е на височина од 4.670 метри, а завршува на 1.100 метри во местото Јолоса.

Патот е широк речиси 3 метри, без ограда и што било друго, што на автомобилите би им дало сигурност.

Најтешката сообраќајна несреќа во Боливија се случи во јули 1983 година токму на овој пат, кога автобус излета во провалија и кога животот го загубија 100 лица

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Luis Gandariljas  Агенција Анадолија (АА).