За три дена 81 нов ковид случај, нема починати

0
270

Во последните три дена регистрирани се 81 нов случај на КовидД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три  Велес, по двајца од Куманово, Тетово и Струга, а по еден од Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

 

МЗ