ВМРО ДПМНЕ: Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?!

0
410

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?

Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен, се вели во  соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.

Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.

Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.

Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Република