Нови 91 случаи на ковид, нема починати лица

0
315

Во последните 24 часа, регистрирани се 91 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.067 тестови, не е евидентиран ниту еден смртен случај, како во последното деноноќие така и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, а оздравеле 67 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните, од Скопје се 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1.

Од вкупниот број позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.

Од 67 оздравени пациенти, од Скопје се 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

 

МЗ