Пендаровски: Го советувам Ковачевски да не оди во Брисел само за да се слика

0
431

Претседателот Стево Пендаровски оцени дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ, бидејќи Бугарија постојано поставува нови барања за укинување на ветото. Тој во интервју за Кабловска телевизија 24 рече дека Ковачевски не треба да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува пред состанокот на Европскиот совет, каде што треба да се донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, кои кон крајот на 2020 се блокирани од Софија. Според Пендаровски, премиерот на Северна Македонија нема што да бара и не треба само да се слика, особено затоа што на средбата на евроамбасадорите бугарската страна поставила нови барања за укинување на ветото на Македонија. „Го советувам да не оди. Мој совет е ако работите одат вака и ако Бугарите само вчера поднесоа пет нови барања до Корепер, од сетот на нивните небулозни барања во минатото, што ќе правите во Брисел? Само да се сликаш?“, изјави македонскиот претседател.

 

Радио Слободна Европа