Рама им одговори на МНР Бугарија: Имате проблем со мојот начин на зборување? Или трпете ме, или кревајте го ветото!

0
450

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку социјалните мрежи му одговори на Бугарското Министерство за надворешни работи кое вели дека имааат проблем со неговиот начин на разговор.

Тој вели дека ова е доволно фер бидејќи и тој има проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања.

„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Лесно пријатели: Подигнете го ВЕТОТО или трпете со мене!“, вели Рама.

извор: Twitter Edi Rama
фото: Архива