Од 1 јули секое домаќинство ќе може да стави фотоволтаици и да произведува струја, а вишокот да го продава на пазарот. Според експертите ова е добар чекор бидејќи во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата се овозможува поголемо производство на струја, но треба да се има предвид дека освен парите за инвестицијата треба да се соберат куп документи.
Експертите велат дека потребно е да се извади решение од Општината, под услов објектот да е запишан во катастар, да е изваден имотен лист и да има проект за статика на покривната конструкција, бидејќи се става дополнителна тежина на покривот. Да се направи проект за електрика на фотоволтаичната електрана. Сите горенаведени документи со доставуваат до Општината за добивање решение за поставување опрема на покрив. Пријава во „ЕВН дистрибуција“ за добивање точка на приклучок за произведената електрична енергија. Склучување договор со снабдувачот кој ќе го преземе вишокот произведена електрична енергија….
За шесткиловатeн соларен систем, едно домаќинство треба да инвестира од три до четири илјади евра, а инвестицијата се враќа за околу седум години. Додека, пак, на една компанија за да инсталира соларен систем од 20 киловати ѝ се потребни 14.000 евра.
Сепак експертите се согласни дека новата регулатива ќе им овозможи на домаќинствата и компаниите да произведуваат електрична енергија и да си ги намалат сметките за струја. Обврска на ЕВН хоум е да ја преземе произведената струја од фотоволтаици и на секои шест месеци ќе треба да се направат дополнителни фактури каде што ќе им се намалат сметките за струја или ќе им се плати за произведената струја од сонцето.
инфмакс.мк