Челникот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Туркије (ССБ), Исмаил Демир, изјави дека производството на подморницата СТМ500, која е целосно дизајнирана од турски инженери благодарение на националните ресурси, започнува со пробно производство на издржливо пловило, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демир на својот твитер-профил ги сподели најновите информации за проектот за турската национална подморница.
1️⃣ Milli denizaltı serüvenimizde tarihi adım!
Türk mühendisleri tarafından tamamen milli imkanlarla tasarlanan #STM500 denizaltısının üretim faaliyetine mukavim tekne test üretimi ile başlıyoruz.
➡️ @STMDefence pic.twitter.com/e2uQZN12bE
— İsmail Demir (@profismaildemir) June 26, 2022
Тој истакна дека подморницата СТМ500 ќе биде изградена со напредни и модерни борбени системи.
„Историски чекор во нашиот национален проект за подморници. Започнуваме со производство на подморницата СТМ500, проектирана од турски инженери со национални ресурси, со пробно производство на издржливо пловило. СТМ500 е дизајнирана да може да се користи на отворено море, но и во плитки води“, рече Демир и додаде:
„СТМ500 ќе биде опремена со напредни и модерни борбени системи што ќе содржат опрема што ќе ги задоволи тактичките потреби, како што се извидување и надзор, операции на специјалните сили и војување со подморници.“
Извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).