Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека францускиот предлог официјално пристигнал во Владата на Македонија, односно во Министерството за надворешни работи. Според него, овој предлог е стигнат по интервенцијата во Брисел и реакцијата на драфт документите.
„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции. Ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во државата“, вели Ковачевски.
„Нашиот став беше дека историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог. Од утре шефот на дипломатијата ќе има консултации во детали во однос на предлог документите и со медиумите“, изјави Ковачевски.
фото: PRTSC Влада