Претседателот Стево Пендаровски за утре на пладне го свика Советот за безбедност, а на дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.
На седницата, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
фото: Архива