Денес средба Ковачевски-Села, продолжува широката консултација за францускиот предлог

0
230

Денеска продолжува широката консултација за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. За денес е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, а без потврден термин преостануваат уште и консултации со Собранието.

Средбата со Села ќе се одржи во Клубот на пратениците од 11 часот. Премиерот Ковачевски вчера потврди дека имал телефонски разговор со Села и дека најверојатно денес ќе му биде презентиран францускиот предлог.

– Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски по денешната средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого ваквиот предлог е неприфатлив.

Преостануваат и консултациите со Собранието, но до вчера немаше потврда кога тие би се одржале.

 

faktor.mk