Мислевме дека е грабеж, кога почна пукањето. Но, потоа видов дека не пука во таванот или во подот туку во луѓе. Скокнав зад пултот во продавницата за да се засолнам, сведочи вработена во трговскиот центар Филдс кој се наоѓа во јужниот дел на главниот град на Данска Копенхаген.
По истрелите, почнала паника и стампедо меѓу посетителите на трговскиот центар. Полицијата успеала да го уапси 22-годишниот напаѓач за кого само кратко соопшти дека е етнички Данец.
Има повеќе загинати и ранети, а најблиската болница примила повеќе ранети луѓе поради што се повикани и цели смени на испомош.
Полицијата го затвори центарот и продолжува со истрага. Се пребаруваат сите простории за да се извлечат сите жртви и ранети.
Има сомнежи и дека напаѓачот не делувал сам, па полицијата се обидува да открие дали уапсениот е дел од поголема група.
телма.мк