СВР Тетово потврди, коњаници со знамиња на Голема Албанија во Гостивар славеле свадба

Група Албанци, качени на коњи, носејќи албански знамиња и други симболи кои можат да се поврзат со идејата за голема Албанија, дефилираа низ Гостивар, а снимката споделена преку социјалните мрежи ја вознемири јавнсота.

Откако денес Османи најави етничка криза во Гостивар,лица облечени во униформи на УЧК и знамиња на голема Албанија бараа и извикуваа поделба на Македонија, реагира корисникот кој го сподели видеото.

https://twitter.com/i/status/1543701123227439104

Од СВР Тетово за МКД.мк велат дека настанот бил поврзан со семејна веселба, но дека во координација со јавен обвинител ќе следуваат адекватни поднесоци.

 

Помеѓу 12 и 13 часот, по улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, во непосредна близина на општинскиот објект, забележани се неколку лица кои на коњи се движеле кон центарот на градот, а кои како дел, односно претходница на семејна свеченост, со себе носеле и виореле албански национални знамиња. СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар веќе ги идентификуваше лицата и во координација и консултација со јавен обвинител презема соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат адекватни поднесоци, соопшти за порталот портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

 

република.мк