Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации, народот продолжува и денес масовно на протестот „Ултиматум-Не благодарам”

Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски, кажа во изјава за медиумите пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство. Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ. Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти, истакна Ковачки.

Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања:

1. Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

2. Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?

3. Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?

4. Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?

5. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?

6. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?

7. Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња? Праша Ковачки.

Одговорност мора да има за Оливер Спасовски. Одговорност мора да има и за службениците што ги пречекорија своите овластува. Откако власта виде дека граѓаните, десетици и десетици илјади мирно и достоинствено кажаа не, без ниту еден отпушок или навреда кон полицијата, почнаа да смислуваат, а сега веќе и да спроведуваат сценарија со провокатори. Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ. Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ, потенцираше тој.

Бугаризацијата и насилството се нивни, силата на мирниот народ и вистината се наши. Затоа ве повикувам и денес во 19 часот да се собереме пред платото на Владата во рамки на сенародните протести и преку МНР ќе се упатиме пред Собранието на Република Македонија каде масовно, мирно и достоинствено ќе кажеме „Ултиматум- Не благодарам“, додаде Ковачки.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ