Татјана Матејаш Тајчи, последната голема југословенска ѕвезда, живее во Америка повеќе од три децении.
Но, последниве години повторно ја гледаме почесто на овие краишта. Таа неодамна пристигна на одмор во Хрватска, а на аеродромот во Загреб некогаш популарната пејачка ја пречека нејзината мајка Штефица.
Тие не се виделе долго време. За се е виновна короната, вели Тајчи, која ги однесе и синовите Блез, Еван Амадеус и Данте на тринеделен одмор.
‒ Мама беше со нас во Америка до почетокот на пандемијата. Имавме планови да ја посетиме тоа лето. Оттогаш поминаа две и пол години, а најмладиот син во меѓувреме ги надрасна браќата – изјави пејачката за „Јутарњи лист“, и истакна дека кујната и прегратките на мајка и се незаменливи.
Тајчи се уште се занимава со музика, а пред неколку месеци го заврши своето образование како животен тренер во „Чопра центарот“. Нејзините синови веќе пораснаа и полека се подготвуваат да го живеат својот живот: Данте започнува да работи во својата професија, Еван учи, Блез завршува средно училиште. Но, дотогаш ќе се забавува со мајка му на Јадранот. Тие моментално се стационирани во Дубровник, каде Блез сакал да се шета.
hayat.ba