Грчки медиуми: Инфлуенсерка и ќерка на политичар од Македонија уапсена на Миконос за шверц на дрога

0
292

Уапсената 21-годишна девојка на Миконос е позната инфлуeнсерка од Северна Македонија која е ќерка на политичар, пишува грчкиот весник .

Таа е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров.

Девојката која уште е опишана и како 21 – годишна русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј.

Од грчката полиција информираат дека било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос” и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

видео: Proto Thema

фото: PRTSC