(ВИДЕО) Акцијата по преостанатите двајца исчезнати македонски државјани продолжува

0
590

Голема операција за пребарување и спасување е во тек во Посиди, Халкидики, а двајца капачи се исчезнати рано во саботата вечерта. Третиот пливач бил спасен од сурфер нешто пред 19 часот и е пренесен во здравствениот дом на околината.

Во подрачјето моментално дува ветер со интензитет од 5 до 6 бофори.

Тројцата капачи на возраст од 25, 30 и 32 години влегле во вода во саботата попладне, по роденденската забава која била прославена на плажа. Тројцата мажи од Северна Македонија летувале со група млади луѓе во Посиди.

Извор: keeptalkinggreece.com

фото: keeptalkinggreece.com