Јана Јузова од чешкиот Институт „Еуропеум“ попладнево информираше дека нејзините ставови изнесени на вчерашниот форум во организација на Институтот за европска политика не се официјален став на Прага, објави Република .
– Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на „Твитер“.
Јузова вчера беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Македонија.
– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.