ЕУ и САД го поздравија францускиот предлог, одлуката на Собранието ќе биде важна за земјата да се придвижи напред

Унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за европскиот континент, порачаа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен. Во тој контекст го поздравија, како што велат, компромисниот предлог меѓу Северна Македонија и Бугарија со цел кревање на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија, ќе биде важна за земјата да се придвижи напред, сметаат тие.

Кога и дали Собранието ќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка би можело да се знае утре на редовната координација во Собранието. Тогаш, според најавите, би требало да се разговара за ова. Дел од пратениците реагираа дека материјалите доставени до Собранието се нецелосни и побараа од претседателот на Парламентот Талат Џафери да ги врати во Владата како некомплетни.

МИА